| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнуваат со бродови, џихадистите на само 300 километри од југот на Италија

италија

Освен бродови со емигранти, Европа наскоро би можела да очекува и бродови со исламски терористи, особено доколку Исламската држава успее да ги зацврсти своите упоришта на брегот на Либија. Засега ИД го контролира Сирт, градот на брегот и родниот град на Моамер Гадафи.

На новата закана на Европа предупреди и пратеникот на Египет во Велика Британија, Нассер  Камел, и тоа откако минатиот викенд  од Средоземно Море се спасени 2164 емигранти.

– Дали знаете колку Сирт е оддалечен од Италија? Само 300 километри. Доколку нешто не се преземе, сите заедно во наредните денови можеме да очекуваме и бродови со терористи – рекол Камел, пренесува „Дејли меил“.

Италија, исто така, предупреди дека очекува егзодус на емигранти со зголемен ризик на ист начин да можат да дојдат и џихадисти. Освен тоа, во Италија тврдат дека околу 600 илјади луѓе се подготвуваат да преминат од Либија преку Средоземно Море, од кои веќе 200.000 се наоѓаат во пет кампови на брегот.

Стравот од Исламската држава која Италија ја исцрта под својот „Калифат“, а сега и ги контролира точките во Северна Африка од кои лесно може да се дојде до јужна Европа, станува сѐ поголем.

Анџелино Алфано, италијански министер за внатрешни работи, рече дека милитантите не смеат да напредуваат побрзо отколку што меѓународната заедница донесува одлуки, а поради фактот дека веќе успеале да се прошират и во Либија, Италија е во опасност од егзодус без преседан, заклучил Алфано.

Додека Европа со страв гледа кон северот на Африка, пропагандата на Исламската држава објави видео на кое се гледа нова флота на луксузни теренци на кои милитантите се возат со црни знамиња. Парадата е одржана во либискиот град Бенгази, а на снимките се гледа како децата и минувачите салутираат и ги поздравуваат џихадистите. Видеото го објави терористичката група Ансар ал Шариа, која застана до ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top