Претседавачот на ОБСЕ и српски министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во посета на Македонија.
Дачиќ ќе се сретне со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, а ќе оствари средба и со претседателот Ѓорге Иванов.
Се очекува тој да се сретне и со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.
Србија го почна претседавањето со ОБСЕ на 15 јануари. Претседавањето ротира секоја година меѓу членките на ОБСЕ, а одлуката ја донесува Министерскиот совет.
Функцијата претседавач со ОБСЕ ја извршува министерот за надворешни работи на таа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.