Четрнаесет знаци дека сте совршени родители:
1. Детето ви трча директно во отворените раце, откако паднало и се удрило.
2. Два часа се обидувате да најдете загубена играчка по пат, кон која вашето дете е многу приврзано. Кога ќе дојдете до заклучок дека нема да ја најдете, се јавувате во секоја можна продавница за да купите нова.
3. Работите како луди во текот на денот и во текот на ноќта за да ги завршите проектите во рок.
4. Вашето дете нема тешкотии да биде изгушкано од други возрасни, а тоа е знак дека сте пораснале среќно дете, кое се чувствува сигурно.
5. Поминувате цел час пред кабинетот на лекарот правејќи се кловн за да го расположите вашето дете.
6. Седите до 3 часот изутрина по Божик за да ја склопите куќичката што сте ја купиле за вашето дете, а се покажало дека таа е многу сложена за монтажа.
7. Тешко ви е да го одбиете вашето дете да спие во вашиот кревет бидејќи се чувствува осамено, исплашено и сл. Го пуштате во вашиот кревет, иако цела ноќ нема ни да дремнете и ќе се борите да не паднете од работ на креветот.
8. Се преправате дека сте, навистина, возбудени од првиот училиштен ден на детето, иако внатрешно сте поделени од неспокојство и тага.
9. Го криете гневот кога вашето детето ќе направи скандал на својот роденден и не ги цени напорите што сте ги направиле во последната недела за да го организирате.
10. Секогаш имате некакви мали ужинки по дома и по чантите.
11. Се случува да останете будни цела ноќ бидејќи треба да завршите креативен проект на вашето дете, кое заборавило да го направи. И покрај сите маки и напори, чувствувате задоволство кога ќе го правите.
12. Пропуштате од своите омилени серии и филмови бидејќи детето сака да погледа малку од своите омилени филмови.
13. Кога детето ќе ве удри во напад на лутина и незадоволство, никогаш не му враќате.
14. Не ги знаете текстовите на ниту една популарна песна во последно време, но ги знаете текстовите на детските песни на ќерка ви и син ви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019 година!
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Ќе пливаат во пари – крајот на септември носи голема добивка за овие три хороскопски знаци
-
Овие три знаци ќе се збогатат во септември: Пари од сите страни, успех на работа…