| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен сомнителен пакет пред културен центар во Копенхаген

bomba

Сомнителен пакет е откриен до културниот центар „Крудтонден“ во Копенхаген, каде што во саботата маж отвори оган врз учесниците во дискусијата за слободата на изразување и богохулењето, при што еден човек загина.

Зоната е евакуирана, а на местото се испратени стручњаци за деминирање.

Напаѓачот врз културниот центар потоа пукаше и пред синагога, а беше ликвидиран од полицијата. Вкупно две лица загинаа, а петмина се повредени во нападите во Копенхаген, за време на викендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top