| четврток, 6 декември 2018 |

Осум трикови со парфем што мора да ги знаете

 Освен дијамантите, високо на листата на „пријатели“ на секоја девојка сигурно се наоѓа и парфемот.

Нежни, силни, цветни, слатки – секој преферира одредени нијанси и „бои“ на мирис, но секоја сака нејзиниот парфем што подолго да трае. Ако сакате да мирисате од утро до вечер, овие неколку трикови мора да ги знаете.

1. Ако сакате мирисот на вашиот парфем да биде што поинтензивен, немојте да го чувате на топло и влажно место. Квалитетот на парфемот ќе го сочувате ако го чувате во студени и темни делови на полица/соба/стан. Избегнувајте бањи затоа што таму често е влажно и топло.

2.Мирисот на вашиот парфем за да се почувствува и по неколку часа по ставањето, деловите на кожата каде се става намачкајте ги со вазелин. Неговата маснотија го задржува парфемот подолго отколку директно да се стави на сува кожа.

3. Сличен ефект се постигнува и со лосионите без мирис, благодарејќи на нив, мирисот, исто така, подолго ќе се задржи и чувствува.

4. Парфемот нанесете го веднаш по туширањето и пред облекување, влажната кожа посилно го „впива“ мирисот.

5. Не тријте ги зглобовите на рацете еден од друг откако ќе ги попрскате со парфем. Оваа навика ќе направи парфемот побрзо да испари.

6. На неколку хартиени марамчиња нанесете го најдрагиот парфем, а потоа ставете ги во плакари и фиоки за целата ваша гардероба да мириса убаво.

7. Кога ќе одберете место каде што ќе го нанесете парфемот, водите сметка каде го ставате за да не ја извалкате облеката. Најдобро е да се стави на вратот, лактовите, на рачните зглобови, кај папокот, зад колената и на глуждовите. На овие „топли“ места, ќе треба повеќе време за парфемот да испари.

8. Ако не сакате парфемот силно да се чувствува, немојте директно да го нанесете на кожата, туку нанесете во воздухот, а потоа поминете преку тој „облак на мирис“.

– Ако сакате косата да ви мириса на парфем, немојте да го нанесувате директно на кожата затоа што тоа ќе ја исуши. Парфемот ставете го на четка, а потоа неколку пати исчешлајте ја косата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top