| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со порака до своето членство: Отворајте албански профили и ширете омраза!

sdsmFB

Да се фокусираме на најомразувачките коментари од албански профили, што по задача требаше да го направите, со следниве поенти: Грујо и Владата паѓаат, Готови сте вмровчиња, Ќе ве нема ниту еден, ќе ве иселиме. Ова е пораката која преку социјалната мрежа „Фејсбук“, СДСМ ја испраќа до своето членство. Она што е посебно интересно е тоа што раководството на СДСМ бара од своите членови да отвораат албански профили и токму од нив да бидат најомразувачките коментари.

Сето тоа отвора голем сомнеж дека бомбата на лидерот на опозицијата Зоран Заев, покрај другото, има цел и поттикнување меѓуетничка тензија и инциденти.

Следејќи ја наредбата на раководството, стравични пораки испраќаат членовите на СДСМ, организирани преку социјалните мрежи. Во препораките за дејствување, СДСМ веќе почна да го организира своето членство за поттикнување на меѓуетнички омраза, а со тоа и меѓуетнички инциденти, објавува порталот „Денешен“, пренесува „Нетпрес“.

На социјалните мрежи веќе кружат неколку пораки, преку кои од централата на СДСМ се даваат инструкции на членството како да коментираат на своите профили на „Фејсбук“.

Интересно е тоа што од централата им сугерираат на своите членови најомразувачките коментари да бидат од албански профили.

sdsm4-630x228

„Насока од централа: Да се фокусираме со  најомразувачките коментари од албански профили што по задача требаше да ги направите со следниве поенти:

Грујо и владата паѓаат,

– Готови сте вмровчина

– Ќе ве нема еден ден ќе ве иселиме

Напомена внимавјте да не се слични како на вмровчињата да не има по „куририте“.

Ова е пораката која е испратена до членството, а она што е особено интересно е зошто раководството на СДСМ бара од своите членови да отвараат албански профили и баш од нив да бидат најомразувачките коментари. Сето ова отвара голем сомнеж дека „бомбата“ на Заев покрај другото има за цел и потикнување на меѓуетничка тензија и инциденти.

sdsm11

sdsm4-630x228 (1) sdsm3 sdsm2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top