Зоран Заев и СДСМ ѝ покажале на Европската унија дека грешела кога тврдела дека Македонија е подготвена за членство – ова се дел од коментарите што може да се прочитаат во Грција откако опозициската партија ја објави и втората група прислушувани разговори добиени од странска служба.
Според дописникот на „Нетпрес“ од Атина, дел од грчките медиуми конструкциите на Заев ги претставуваат како апсолутна вистина, во рамките на познатата стратегија за уверување на меѓународната заедница дека пречка за македонската евроатлантска интеграција не е само грчкото вето, туку и наводно неисполнување на критериумите.
Во тој контекст, грчкото издание на порталот „Еуроактив“ излезе со наслов „Нови инкриминирачки докази за владата на ПЈР Македонија“, а сличен е и коментарот на економскиот електронски весник „Ворија“, којшто тврди дека Заев почнал да објавува документи за „неверојатна корупција на Владата“, но и дека покажал оти Македонија не била подготвена за членство во ЕУ.
„По многу години, се чини дека социјалдемократската опозиција во Скопје реши да направи едно динамично појавување, спротиставувајќи му се на недостатокот на демократија во земјата поради што таа заостанува во сите области, а тоа е нешто што Европската унија одбива да го прифати, тврдејќи дека земјата ги исполнува критериумите“, пишува „Ворија“.
И овој грчки весник не пропушти да го нападне премиерот Никола Груевски, обвинувајќи го дека ја вмешувал Грција за да удри по своите политички опоненти. Во одбрана на СДСМ и про-опозициските новинари, пак, „Ворија“ посочува дека по Радмила Шекеринска и Бранко Героски, коишто биле обвинети дека се грчки шпиони, сега редот му дошол на Заев, којшто, патем, 18 пати пеш ја пројде македонско-грчката граница.
И во текстот на грчката државна новинска агенција, прислушуваните разговори со чие објавување Заев се обиде да исконструира наводно местење судии и пресуди, беа доведени во релација со македонската европска интеграција.
„Во телефонските разговори што ги откри господинот Заев, за владините министри и претставници на двете коалициски партии се вели дека договарале позиции за судиите коишто тие ги избрале и интервенирале во судството во однос на некои пресуди. Ранливоста поради политичките притисоци врз работата на судскиот систем во Македонија и владеењето на правото постојано се потенцирани во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата“, се вели во текстот на грчката државна новинска агенција.
Телевизијата „Алфа“, пак, информира дека посетата на еврокомесарот Јоханес Хан на Македонија коинцидирала со влошувањето на политичката криза во земјата, којашто тие сметаат дека почнала со непризнавањето на изборите од страна на СДСМ.
Начинот на којшто бомбите на Заев се пласираат и употребуваат кај јужниот сосед фрла дополнително светло врз тезата дека една од целите на соработката на СДСМ со странската служба била уривање на македонскиот углед во меѓународните организации каде што Грција нѐ блокира, во обидот да го легитимираат нелегалното противење за нашето членство и да се ослободат од меѓународниот притисок за ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст