Во Македонија утрово во седум часот се измерени -7 степени во Маврово, -5 во Берово, -4 во Лазарополе, -3 во Тетово, Крушево, Претор и Дебар, -2 во Скопје Петровец, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Тетово, -1 во Куманово и Охрид, 0 во Скопје – Зајчев Рид и Прилеп, 1 во Виница, 2 во Демир Капија, 3 во Штип и Дојран, до 4 степени во Гевгелија и Струмица.
Висината на снежната покривка била 48 сантиметри Маврови Анови, 35 Лазарополе и 19 Крушево.
Времето моментно е облачно, во крајните југозападни делови сончево. Во Струмичко и Штипско има слаби врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Според УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во југоисточните делови претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд и снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени.
Во Скопје слично време со дневна температура до 6 степени.
Наредните денови ќе биде претежно сончево, до четврток со умерен, повремено засилен северен ветер. Утре утринските температури ќе се движат од -10 до -2, а потоа ќе бидат во постепен пораст, како и дневните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.