| четврток, 6 декември 2018 |

Колку средби треба да има пред првиот секс?

Секое лице барем еднаш во животот се прашало дали постои специфичен број на љубовни состанои, после кои е сосема во ред да се спие со тоа лице. Ново глобално истражување спорведено на 11 илјади луѓе и во дури 24 светски градови, најпосле донесе некои конкретни резултати, пишува хрватски Индекс.

Одговорот е 3,5. Имено, истражувањето откри дека најголемиот број луѓе со нов партнер првпат спијат меѓу третата и четвртата средба.

Еве уште некои занимливи откритија:

1. Десет отсто од луѓето сметаат дека е сосема нормално да се има секс на првата средба.

2.  Двајцата би требало да престанат да се гледаат со други луѓе после шестата средба.

3. „Официјален партнер“ би требало да стане по деветата средба.

4. Вкупно 53 отсто од првите состаноци завршуваат со бакнеж, а 40 отсто со втора средба.

5. Секој десетти испитаник имал среба со својот шеф/шефица.

6. Од испитаниците 17 отсто имале врска со најдобриот пријател/пријателка, а секој петти со поранешниот/поранешната на пријателот.

7. Од испитаниците, 62 отсто откриле дека најдобри состаноци се со оние луѓе кои ги запознале преку свои пријатели.

8. Потребно се само 2-3 минути да знаете дали ќе има втора средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top