| четврток, 6 декември 2018 |

Пијани жени нападнаа маж на проекција на „50 нијанси на сиво“

Полицијата во Глазгов уапси три жени под обвинение за напад врз маж за време на проекцијата на контроверзниот еротски филм „50 нијанси на сиво“.

Инцидентот се случил на вечерната претстава на „Свети Валентин“ во централната кино сала во овој шкотски град.

Во полициското соопштение се вели дека натепаниот маж се здобил со помали повреди, поради што не морало да биде префрлен во болница.

Ваквото објаснување на полицијата претставува демант на пишувањето на локалните медиуми во Шкотска дека мажот бил нападнат со стаклено шише и чаши, од кои жените пиеле додека траела филмската проекција.

Пишувањето за напад со шише по главата го демантираше и упаравата на киното. Во нивното соопштение се вели дека интервенцијата на редарите во киното, помогнала нападот врз човекот брзо да прекине, а полицијата дошла само за да ги уапси воинствените жени.

Трите жени се обвинети и за нарушување на јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top