| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се поедностават процедурите на граничниот премин Табановце – Прешево

­ Македонија и Србија се договорија за поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај Табановце – Прешево.

Како што соопшти ресорното министерство, Спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево ја потпишаа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и потпретседателот на срапката Влада и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, во рамките на денешната заедничка седница на владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје. ­

Оваа Спогодба ќе придонесе за скратување на времето на задржување на возовите за да се зголеми конкурентноста на железничките услуги за двете земји. Ова само ја покажува силната заложба на Република Македонија и Република Србија за фер и конкурентски услови, како и забрзан проток на стока и патници за овој вид сообраќај, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top