| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Одбив техничка влада, го замолив Заев сѐ што има и што сака да објави слободно да го објави

gruevski press 4 (Custom)
На четирите средби што ги имав со Зоран Заев му кажав дека не прифаќам техничка влада. Му порачав сè што има и што сака да објави, слободно да го објави – изјави денеска премиерот Никола Груевски.
-Имав прес-конференција на која што најавив дека следува период во кој ќе има ваков вид работи, затоа што претходно имав неколку средби, односно четири, со Зоран Заев на кои ме информираше дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали што има намера да ги објавува доколку не му овозможиме формирање техничка Влада, нешто што јас не го прифатив како услов, односно го одбив и го замолив се што има и што сака да објави слободно да го објави – изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Груевски истакна дека засега не би коментирал нешто повеќе и најави дека во следниот период ќе излезе со поконкретни коментари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top