| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно исплатени субвенциите на лозарите

лозари

На сметките на 13.767 лозари денеска се префрлени 396 милиони денари. Владата им исплати на лозарите по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади. Со денешната исплата целосно се завршени обврските за субвенции по оваа мерка.

Најголема исплата има во Кавадарци со 4.615 корисници на кои им се исплатени субвенции во висина од 161 милион денари. Втор на листата е Неготино со 3.000 корисници на кои им се исплатени 114,5 милиони денари, а трета е Гевгелија каде што на 1.034 корисници им се исплатени 24 милиони денари. Субвенции им се исплатени и на лозарите од Валандово, Струмица, Стип, Свети Николе, Велес, Радовиш, Штип итн.

Лозарството учествува со околу 20 отсто од земјоделскиот БДП и дава еден од најважните производи во однос на извозната вредност на земјоделските производи во Македонија. Владата на РМ ќе продолжи и во иднина да го поддржува лозарството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top