Сојузот на писателите на Русија годинава орденот „Сергеј Есенин“, кој се доделува за поезија, му го доделија на македонскиот поет Веле Смилевски. Ова признание македонскиот поет го доби за творечкиот прилог во развивањето на словенските литератури и култури, а по повод збирката „Забранета книга“, објавена на руски јазик во Москва. Стихозбирката беше објавена минатата година во превод на Олга Панкина, а со предговор на академик Ала Шешкен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.