| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ и САД ги осудија нападите во Копенхаген

еу

Европската унија и САД ги осудија двата напади во данскиот главен град Копенхаген, во кои загина едно лице, а шест други беа ранети, јави ДПА.

– Европа е обединета со Данска во поддршка на слободата на говорот. Европа нема да биде заплашена – соопшти Европската компанија во реакција на нападите врз кафулето „Крудтенден“ за време на дебата за слободата на говорот и врз синагога во центарот на Копенхаген.

Во врска со инцидентите се огласија САД, кои ги осудија нападите и на Данска и понудија помош во истрагата.

Едно лице загина, а тројца полицајаци се ранети вчера попладне при напад врз учесниците на дебатата „Уметноста, богохулството и слободата на говорот“ во кафулето „Крудтенден“, на која присуствуваа и францускиот амбасадор во Данска, Франсоа Зимерај и шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој стана познат по карикатурите со пророкот Мухамед. Неколку часа подоцна еден цивил и двајца полицајци беа ранети при напад врз синагога во центарот на Копенхаген.

За двата напади властите обвинија ист сторител, за кој се претпоставува дека е лицето што утрово беше убиено од страна на полицијата во близина на железничката станица во населбата Њоребро, откако одбило да застане на полициското предупредување и отворило оган врз полицајците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top