| четврток, 6 декември 2018 |

Данска: „Нападот предизвикува гадење“

Netherlands Nuclear SummitДанската премиерка Хеле Торнинг-Шмит го посети нападнатиот Културен центар во Копенхаген, каде еден цивил беше убиен, додека тројца полицајци беа ранети. Таа посочи дека дошла „во име на Данците да каже дека Данска не смее да биде ваква и дека овој начин предизвикува гадење“.

-данска денеска се најде на удар на еден циничен чин на насилство. Се посочува на тоа дека се работи за политички атентат што значи дека е терористички чин- посочи Шмит додавајќо дека главен приоритет е да се фатат напаѓачите, како и дека полицијата е на највисок степен на подготвеност.

Полицијата вечерва посочи дека верува дека се работи само за еден напаѓач, а не за двајца како што првично се сомневаше. До моментното сознание е дојдено по распрашување на сведоците

Објавена е матна фотографија на осомничениот, во темна облека и марама која задскрива поголем дел од неговото лице.

За сега никој не ја презеде одговорноста за терористичкиот напад, во кој околу двесте куршуми беа испукани кон културниот центар во Копенхаген во кој се одржуваше собир посветен на слободата на говорот, а на кој учествуваше и шведскиот карикатурист Ларс Вилкс. Тој остана неповреден, иако се смета за цел на нападот, заради неговите цртежи на пророкот Мухамед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top