| четврток, 6 декември 2018 |

Данците трагаат по терористите, Копенхаген блокиран

2Данската полиција го пронашла напуштен автомобилот со кој побегнале двајцата напаѓачи кои пукаа во културниот центар во центарот на Копенхаген каде што се одвиваше трибина за исламот и слободата на изразување при што беше убиено едно лице, а ранети беа тројца полицајци. Во меѓувреме нападот е оценет како „терористички чин“ и постојат сомневања дека цел на нападот бил контроверзниот шведски карикатурист Ларс Вилкс, кој и во минатото беше цел на закани и напади поради објавување карикатури со пророкот Мухамед.

Во комплексот во кој се одржуваше трибината на која учествуваа амбасадорот на Франција во Данска и шведскиот уметник Ларс Вилкс, кој е под постојана полициска заштита откако во 2007 година објави карикатури на пророкот Мухамед претставен како куче што предизвика гневни реакции во муслиманскиот свет, двајца напаѓачи отворија оган врз кафулето „Крудтенден“ (Буре барут) и потоа успеале да избегаат со автомобил марка „фолксваген“. Данската полиција соопшти дека интензивно трага по напаѓачите, а сите излези на Копенхаген се блокирани.

3Гостинот од Шведска и францускиот амбасадор Франсоа Зимере не се повредени во нападот. Организаторката на дебатата, Хели Мирет Брикс, за AFP изјави дека главна цел на нападот бил карикатуристот Вилкс.

Во јули 2009 година, тогашниот челник на меѓународната терористичка организација Ал Каеда во Ирак, Абумар ал-Багдади, сега на водач на џихадистичката Исламска држава, вети награда од 150 илјади долари за оној што ќе го убие шведскиот карикатурист Ларс Вилкс. Карикатуристот го навлече на себе бесот на Ал Каеда поради сатиричните карикатури кои ги објави во 2007 и во 2009 година, а кои муслиманскиот свет ги окарактеризира како „сквернавење на Исламот“. Ал-Багдиди тогаш потенцира=е дека „за убиството на Вилкс ќе плати 100.000 долари, а во случај тој да биде заклан како јагне, ќе бидат исплатени 150.000 долари“. Ал Каеда тогаш, исто така, вети и 50.000 долари за убиство на уредникот на шведскиот весник Nerikes Allehanda, кој ги објави карикатурите.

1Претставници на данската полиција во разговор за Reuters во саботата не ја отфрлија можноста дека станува збор за терористички акт, и оттаму отворила соодветна истрага.

Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит изјави претходно дека престрелката во културниот центар во Копенхаген е „терористички чин“. „Денеска Данска претрпе циничен акт на насилство. Сите индикации укажуваат дека пукањето имало политички мотив, и оттаму нападот претставува терористички чин“, се вели во писмената изјава на Торнинг-Шмит.

Францускиот амбасадор Зимере изјави дека нападот во Копенхаген е многу сличен на нападот врз редакцијата на сатиричниот магазин Charlie Hebdo од 7-ми јануари кога беа убиени 12 лица, кој го извршија браќата Каши кои објавија дека станува збор за одмазда поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед. „Целта на нападот е иста како и при нападот врз Charlie Hebdo“, изјави претходно францускиот дипломат во телефонската изјава за Франс пренс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top