| четврток, 6 декември 2018 |

Работната виза за Верушевски е уште една лага на Заев

заевСпоред тврдењата на Зоран Заев, кој ја потврди автентичноста на писмото кое го има напишано до Верушевски, тие преку “пријатели од странство“ договарале работна виза за разузнавачот.

Ова е само уште една од илузорните лаги на опозицискиот лидер, кој со својата контрадикторност од изминатиот период само дополнително ја намали довербата која и онака му висеше на “стаклени нозе“.

Работна виза за странство се вади на многу лесен и едноставен начин. Треба да се пополни електронска апликација за што се потребни неколку минути. По апликацијата, потоа одлучуваат стручна служба. Зоран Заев сигурно го знае ова, но со тврдењата дека “пријатели од странство“ меѓу кои и премиер на странска држава помагале за работна виза, уште еднаш ја потцени интелигенцијата на македонскиот народ.

Еве што напиша Заев во писмото до Верушевски:

„Работата која ја чекаме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот … (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие. Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата. Јас можам утре, во четврток, во петок и дури и вечерва иако е Св.Јован… ова е најважно од се друг. Можам кај Вас, вие кај мене во СР или на некое друго место“.

 Верушевски работи 40 години, како ќе беше ангажиран разузнавачот во странство?

 Зоран Верушевски од 1974-та година континуирано има работен ангажман на повеќе работни места. Работеше во безбедноста, полицијата, беше и професор. Цели 40 години Верушевски зема плата од Македонија и тоа со оглед на позициите кои ги врши, сигурно биле високи плати. Тој и во моментов е вработен во една приватна компанија. Зошто тогаш Верушевски толку нетрпеливо сакал да избега од земјава и да работи во странство и што еден разузнавач би работел во туѓа земја? Фактите ги прават лагите на Заев се поочигледни.

Бидејќи Заев вели дека договарал виза не само за Зоран Верушевски, туку и за целото негово семејство, треба да се знае дека тие овде живееа на “висока нога“.

Сопругата на Верушевски  работи во Стопанска банка, каде зема добра плата. Помалиот син на Верушевски, Горан, студира во Солун.

Верушевски имаат стан од 110 квадрати во општина Аеродром. Но, поседуваат и стан како и земјиште во Струга.

Затоа се отвори прашањето од што така веднаш сакале да избегаат од Македонија?

Богато семејство со кривични пријави

Лидерот на СДСМ самиот „го закопа“ својот соработник Верушевски. Зошто пред цела Македонија истакна дека Верушевски сакал да избега од земјава поради спрега меѓу институциите? Со тоа Заев фрли дамка на делувањата на овој човек. Ако Верушевски е невин за тоа за што се терети, зошто би сакал да избега од државата?

Со криминални дејствија се поврзува целото негово семејство, па од што точно сакале да избегаат ако се сметаат за невини, треба да се докажува.

Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“. Поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање се товари за две кривични дела и тоа „Шпионажа“ од чл.316 ст.4 од КЗ на РМ и помагање при „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в чл.24 од КЗ на РМ.

Второосомничена е неговата сопруга која му помагала при извршувањето на делата.

Помалиот син на Верушевски, 19-годишниот Горан Верушевски се терети за „производство и дистрибуција на детска порнографија.“

Постариот син, Александар, одговараше за повеќе тешки кривични дела од насилниот криминал меѓу кои „обид за убиство“ „насилство“, „изнуди“, „предизвикување на општа опасност“ и „поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали“.

Изјавите на Зоран Заев се контрадикторни за јавноста, но и опасни за луѓето блиски до СДСМ. Колку и да сака да остане доследен на своите изјави, човекот кој претендира да ја води државата, секојдневно се фаќа во сопствената мрежа на лаги.

Кога следен пат ќе биде запрашан, лидерот од Бихаќка треба да одговори- зошто Верушевски експресно сакаа да ја напуштат државата, кои им беа „пријателите од странство“ и дали барајќи им виза го штитеше нивниот криминал?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top