Во североисточното предградие на Каиро денеска е убиен еден офицер во новиот бомбашаки напад врз полицијата за кој одговорност презеде џихадистичка група, соопштија претставници.
Во истиот напад се повредени седум полицајци и еден цивил.
Нападот се случил во квартот Аим Шамса, а одговорност на Твитер презедоа припадници на групата Ајнад Маср (Египетски војници), која тврди дека успеала да влезе во добро заштитена зона во која се наоѓа полициската команда во квартот и извршила напад врз патрола.
Голем број напади се извршени врз силите на редот во Египет откако војската го смени и го уапси претседателот Мохамед Морси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.