| четврток, 6 декември 2018 |

Нова снежна бура на североистокот од САД

Жителите на американскиот регион Нова Англија, кои се уште не се опоравиле од трите големи бури кои во бројни области оставиле два метра снег, се подготвуваат за нова бура.

Американската Национална метеоролошка служба објави предупредување за бура од Кеп Кода до брегот на државата Мејн.

Според наводите на метеоролозите, бурата би можела да донесе метар и повеќе снег во некои области, како и удари на ветар со брзина до 112 километри на час.

Еден од метеоролозите Бил Симпсон оценил дека се подготвува „чудовишна бура“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top