| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистите нападнале база во Ирак во која Американците обучуват Ирачани

Припадниците на Исламска држава (ИСИС) денеска нападнале база во западен Ирак во која неколку стотици американски војници ги обучуваат локалните безбедносни сили, но ирачките војници, со помош на авионите на коалицијата предводена од САД, успеале да го одбијат нападот.

Ирачките сили за безбедност, со поддршка на авионите на коалицијата, го одбиле нападот врз базата Ал Асад и ги убиле сите напаѓачи, соопшти американската војска.

Во базата во срцето на провинцијата Анбар, околу 300 припадници на американските сили обучуваат ирачки сили, јавуваат француските медиуми.

Во нападот учествувале најмалку осум бомбаши самоубијци, кои користиле воено возило.

Нападот следел само неколку часа по почетокот на офанзивата на ИСИС врз блискиот град Ал Багдади, еден од малкуте во сунитската провинција Анбар што се уште е под контрола на ирачката Влада.

ИСИС контролира големи делови од територијата на Ирак и Сирија, потсетуваат француските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top