| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Велика Британија во финале за најубаво знаме на светот

Македонското и британското знаме се финалисти во трката за најубаво знаме во светот. Овие две знамиња освоиле најмногу гласови во анкетата на канадскиот весник „Провинс“ (The Province) којашто започна на крајот на јануари. Од вкупно 64 национални знамиња, избрани се четирите најдобри: македонското со 2741 глас, британското со 1326, канадското знаме освоило 783, а германското 607 гласа.

final-620x396

За учество, весникот ги избрал земјите врз основа на етничкото потекло наведено од страна на канадските домаќинствата во 2011 година. Гласањето ќе трае до недела, 15 февруари на Денот на знамето кога ќе биде објавен победникот. На 15 февруари Канада го слави и нејзиниот национален симбол, јаворовиот лист кој се наоѓа на канaдското знаме.

– Можете да гласате  до петок, и ние ќе го прогласиме победникот во неделното издание на весникот, повикуваат од редакцијата, потсетувајќи ги гласачите дека како и секогаш, тие се “заинтересирани само за дизајнот на знамето, а мислењата за нацоналностите и нивните политики нема да бидат фактор”.

zname

Гласајте на The Province за да победи македонското сонце.

Во овој момент знамето на Република Македонија води со над 90 проценти од гласовите против знамето на Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top