| четврток, 6 декември 2018 |

Синди Крафорд објави фотографии во долна облека без „Фотошоп“

cindi craford

Познатото модно списание „Мар Клер“ најави дека априлското издание ќе биде револуционерно. Сите фотографии, со исклучок на рекламите, ќе бидат орогинални, односно нема да бидат обработени во „Фотошоп“. Нема да има „пеглање“, кратење или нешто слично. На тој начин тие сакаат да ги покажат маните на прекрасните модели.

Убавата и единствена Синди Крафорд реши да учествува во овој потфат на списанието. Крафорд се соблче по долна облека и реши во „Мари Клер“ да се објави нејзина фотографија без интервенции во „Фотошоп“. Крафорд (48) е мајка на две деца и не се плаши од камерата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top