Со новата алатка на „Фејсбук“, мрежата им овозможува на корисниците да назначат пријател кому ќе му го доверат својот профил по смртта.
„Наследникот“ ќе се грижи за вашиот профил откако веќе не сте меѓу живите, а вашиот профил добива статус на еден вид „споменик“, а членовите на семејството и пријателите може да побараа профилот да биде „овековечен“.
За тие што сакаат да останат „активни“, „наследниците“ ќе можат да ви го одржуваат профилот, но со неколку измени. „Наследникот“ ќе може да прифати или да одбие барање за пријателство, да поставува фотографии и информации и да објави еден статус по смртта на сопственикот на профилот, но нема да може да влегува и да ги чита пораките.
Опцијата засега е достапна само за корисниците во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.