Поранешниот македонски репрезентативец и член на Галатасарај, Горан Пандев, по завршувањето на оваа сезона се сели повторно во Италиј,а во тимот на Џенова.
По само една сезона помината во редовите на турскиот гигант, во кој дојде од редовите на Наполи, Пандев се договорил со раководството на Џенова на двегодишен договор по кој ќе заработува 1,3 милион евра годишно.
За услугите на македонскиот интернационалец Џенова покажа интересирање уште во зимскиот преоден рок, но преговорите беа стопирани бидејќи италијанскиот клуб веќе имаше регистрирано еден играч надвор од ЕУ.
Тренерот на Џенова, Гасперини, побарал од управата по секоја цена да ги обезбеди услугите на Пандев и откако биле договорени сите услови со менаџерот на фудбалерот, работата е завршена.
Пандев, кој сакал повторно да се врати во Италија, се согласил на драстично намалување на платата, која оваа година му изнесува 2,4 милиона евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент