| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на „Санденс“ – актер се обидел да задави продуцентка

Американскиот актер Емил Хирч заработи кривична пријава и ќе му се суди за напад, откако во ноќен клуб нападнал жена. Според очевидците, видно пијаниот Хирч, прво почнал да се расправа со продуцентката Даниел Бернфилд од „Парамунт“, па на кратко неговите пријатели го смириле, за неколку минути подоцна да се врати кај неа. Тој ја нападнал, почнал да ја дави, од што таа веднаш се онесвестила. Во неговата изјава за полицијата актерот признал дека бил под големо дејство на алкохол.

Нападот се случил на 25 јануари во ноќниот клуб „Тао“ во Парк Сити, Јута, за време на филмскиот фестивал „Санденс“, каде што Хирч го промовирал својот нов филм.

Судењето е закажано за 15 март, а казната може да биде и до пет години затвор. Веднаш по нападот Хирч се пријавил во клиника за лекување од алкохолизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top