Легендарниот надворешнополитички новинар и коментатор на американската телевизиска мрежа CBS News, Боб Сајмон, загина во сообраќајна несреќа во средата во Њујорк, објави телевизијата.
Седумдесет и тригодишниот Боб Сајмон настрадал како патник во такси возило кое се судрило со друго возило и излетало од патот. „Боб Сајмон беше гигант на телевизиското новинарство и сите сме шокирани од оваа трагедија“, објави претседателот на CBS News, Дејвид Родс.
„Страотна загуба за сите во информативната програма на CBS“, изјави Џеф Фегер, извршниот продуцент на емисијата „60 минути“ за којашто работеше Сајмон. „Трагедијата е уште поголема бидејќи го загубивме во сообраќајна несреќа во Њујорк, а човекот веројатно избегна повеќе опасни ситуации отколку кој и да е друг новинар во новото време“, додаде.
Кариерата на известувач од критичните подрачја во светот Сајмон ја започнал во Виетнамската војна, а од Сајгон во 1975 година заминал со еден од последните хеликоптери со кои се евакуирале американските државјани.
Известуваше и од немирната Северна Ирска, од Кипар за време на турската инвазија, за војните на Фокландите во Персискиот залив, во поранешна Југославија, а ги следеше и американските воени акции во Гренада, Сомалија и Хаити.
Дваесет години беше уредник на дописништвото на CBS за Блискиот исток, а во првите денови од Заливската војна беше заробен и мачен од војската на ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Добитник е на бројни новинарски награди, а последниот прилог за емисијата „60 минути“ го направи минатата седмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Ненадејно почина српскиот новинар Борис Триван, уредник на порталот „NOIZZ“


