| четврток, 6 декември 2018 |

Индијци заинтересирани за белиот мермер и за „Еурокомпозит“

еуро

Повеќечлената делегација на „Гарг групацијата на индустри“ од Њу Делхи, Индија, која денеска ги посети стопанските капацитети во Прилеп, покажала голем интерес за белиот мермер, за загубарот „Еурокомпозит“ и за прехранбената индустрија, информира Климент Шекеровски од Агенцијата за странски инвестиции.
– Како резултат на неодамнешната посета на македонска владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски на Индија каде беа презентирани бизнис можностите и поволностите за инвестирање во Македонија, индиска групација од четири компании ја посети земјава. Во соработка со Општината беа презентирани повеќе проекти за кои индиската групација е директоно заинтересирана, а се посетија и повеќе стопански капацитети како можност индиските компании своите активности да ги почнат веднаш за директно креирање на нови работни места. Компаниите се заинтересирани за прехранбената индустрија, за белиот мермер, а ќе се посети и наменската фабрика и загубар „Еурокомпозит“. Доколку нивниот план се оствари, може да покажат и поголем интерес – изјави Шекеровски.
Првиот човек на индиската групација „С.М. Гарг“ е задоволен од приемот, и стопанската клима во Македонија и во Прилеп. Тој најави наскоро повторна посета, кога ќе има и конкретни резултати.
Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп нуди големи можности за инвестирање.

–  Индиската групација покажа инртерес и за градежни парцели за изградба на трговски центри. Ние им ги претставиме сите проекти и можности што е голема прилика за стопански развој на градот и за отворање нови работни места – рече Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top