| четврток, 6 декември 2018 |

Професорката бегалка во отворена „војна“ со платениците на СОРОС

Професорката Билјана Ванковска влезе во „војна“ со уредникот на „Слободен печат“ и „Плусинфо“, Бранко Геровски, кој важи за новинар кој отворено ја поддржува опозицијата. Ванковска, професорката која избега од средба со премиерот Никола Груевски, како и од емисијата на Васко Ефтов, се пожали дека уредникот на медиумите финансирани од Сорос ги ивртува нејзините статуси и си прави неточни, исконструирани вести од „фејбук“.

Започна со статусот на Ванковска:

Кога Брано Героски тврди дека Ванковска никој не ја снима, таа сама себе се снима – тој мисли дека е духовит, ама јас можам да бидам спокојна. Тој е сигурно еден од оние кои шетаат со стикчеа в џеб и од прва рака знае кој е сниман, а кој не.

По ова се огласи Бранко Геровски дека Ванковска обвинува дека новинари добиле стикчиња со материјалите на Заев… Ванковска врати – го злоупотребувал својот портал секогаш кога ќе биде спомнат на фејсбук… Таа отворено го призна несогласувањето со уредникот на медиумите финансирани од СОРОС посочувајќи дека одбива да дава изјави за истите.
vanko

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top