| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Ким Кардашијан на 19 месеци со бунда од природно крзно

00039577

Ќерката на Ким Кардашијан и Кање Вест има само една и пол година, а веќе има статус на вистинска модна икона!

Ким и Каее се од оние луѓе што сакаат постојано да бидат во центарот на вниманието и таа желба нема како да не се одрази и врз нивното дете. Норт е едно од најдобро облечени бебиња уште од самото раѓање. Ве потсетуваме дека нејзината мајка Ким беше затрупана со дизајнерска бебешка облека веднаш по раѓањето на ќеркичката.

rs_600x600-131223173732-600_nori_cm_122313(1)

rs_600x600-131223173735-600_nori-hermes_cm_122313_copy

 

Норт може да се пофали со свој стилист и кројач, кои се грижат за нејзиниот совршен изглед. Нејзината гардероба е во вредност од преку 1 милион долари, а повеќето од неа е специјално изработена дизајнерска облека: Живанши, Гучи, Луј Витон, Карл Лагерфилд.

25967CE800000578-2950056-image-a-53_1423703938424

Сега на 19 месеци, таа може да се пофали со својата прва бунда од природно крзно. Ким и нејзината ќерка се фотографирани за време на Модната недела во Њујорк, на излез од модната ревија на Кање Вест за „Адидас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top