Учесниците во преговорите во Минск успеаја да се договорат за прекин на огнот во зоната на конфликт во Украина од полноќ по киевско време на 15 февруари и за повлекување на тешкото оружје. Тоа го соопшти пред новинари претседателот на Русија, Владимир Путин.
– Се договоривме, според мене, за многу нешта. Прво, се договоривме за прекин на огнот од полноќ на 15 февруари – изјави рускиот лидер.
Втората позиција е повлекување на тешкото оружје од сегашната линија на поделба договорена на 19 септември лани.
ТАСС јави дека лидерите на сепаратистите се согласиле да го потпишат документот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.