| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Тодоров во посета на Софија

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска престојува во еднодневна работна посета на Софија, каде што ќе се сретне со бугарскиот министер за здравство, Петар Стефанов Москов.

На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, ќе бидат разгледани можностите за унапредување на соработката во здравствениот сектор, особено од аспект на едукација и доусовршување на медицинскиот персонал, а воедно ќе стане збор и за континуираните реформи во областа на здравството во двете држави.

Во рамки на посетата, министерот Тодоров ќе се сретне и со проф. д-р Марин Маринов, декан на Медицински факултет при Медицинскиот универзитет во Софија.

На средбата се разговара и за можноста за едукација на медицински кадар од повеќе области и специјалности, како дел од програмата на Министерството за здравство за едукација на здравствени работници во реномирани медицински центри во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top