| четврток, 6 декември 2018 |

Моторџија повреден во судар на Партизанска

Возачот на јамахата е пренесен во болница по сударот со опел кој попладнево се случил на крстосницата на Партизанска со булеварот што води до Александар Палас.

Сообраќајната незгода се случила околу 14 часот, во моментот кога моторџијата кој се движел од правец на Ѓорче Петров и сакал да сврти кон салата “Борис Трајковски”.

Полицијата врши увид за да ги утврди причините за несреќата. Возачот на моторот поради повредите со Итна помош е префрлен во блиската болница – јави Нова Македонија.jamaha soobrakajka

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top