Општина Кисела Вода ќе додели 500.000 денари помош за жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија, информираа денеска од општината.
– Координативното тело на Советот на општина Кисела Вода на последната седница едногласно ја поддржа иницијативата на градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ за доделување на еднократна парична помош. Иницијативата за донирање ја поддржаа сите советнички групи од Советот на општина Кисела Вода – се наведува во соопштението.
Одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Советот закажана за 18-ти овој месец, по која средствата ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст, специјално отворена за оваа намена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.