| четврток, 6 декември 2018 |

Член на Шведските демократи исфрлен од Европарламентот поради расизам

Асистентот на шведската европратеничка Кристина Винберг од редовите на екстремно десничарската партија Шведски демократи, е избркан од работа, поради ширење омраза против евреите и муслиманите на интернет форумот „Флешбек“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

sdemo

Споменатиот асистент, кој вчера се обиде официјално да се извини, меѓу другото, напишал дека „исламот и неговите народи се творба на Пеколот и дека треба да се протераат назад во пустината, ако е неопходно и со оружје“.

Тројца шведски пратеници во Европскиот парламент му напишале на претседателот на Парламентот дека асистентот Јоел Анкар, кој е правник по професија и вработен како помошник на европратеничката од Шведските демократи, на „флагрантен начин ги прекршува основните вредности на ЕУ“.

Анкар, како што јави Шведската телевизија, во своите написи го нарекол познатиот шведски професор по криминологија Јержи Сарнецки „еврејска свиња“.

Отказното решение што вчера го доби Јоел Анкар стапи во сила веднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top