| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите контролирани од Заев фатени во сопствената лага

Untitled

Вицепремиерот Зоран Ставрески од Лондон присуствувал на седница на Влада. Таков впечаток се добива доколку читате „Либертас“. Во 18 часот и  55 минути „Либертас“ објавува дека во текот на денот одржал средби со претставници од бизнис заедницата во Лондон, за по само неколку часа да објави нова информација, дека Ставрески бил на седница во Влада и бил видно лут. Недостасува објаснување дали Ставрески присуствувал на владината седница со помош на холограм или пак со помош на некоја уште понова технологија. Според информациите, Ставрески не бил вратен од Англија и не присуствувал на владина седница. Тој заминал во неделата, аденеска сѐ уште наоѓа во Англија.

sami

Двете вести се крајно контрадикторни вести. „Либертас“ сам се демантираше пласирајќи ги двете информации. Опозициониот медиум, финансиран од СОРОС, контролиран од Зоран Заев, со ова, го достигнува врвот на манипулациите – сам себеси да се демантира. Ова е само еден пример на фабрикуваното новинарство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, неговиот новинарски послушник Ацо Кабранов, како и на останатите опозициски медиуми кои се под финансиска капа на Соросовата фондација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top