| четврток, 6 декември 2018 |

Законите за редовно вработување, за хонорарите и образованието пред Собранието

sobranie

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 36. седница, ќе расправа за законите за трансформација во редовен работен однос, за изменување на Законот за високото образование и за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои треба да се донесат по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог законите за Академијата за судии и јавни обвинители, за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, за Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност на судија, за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование. Треба да се расправа и за изменување на законите за работните односи, за пензиското и инвалидското осигурување, и за здравственото осигурување, кои, исто така, треба да бидат донесени по скратена постапка.

Собранието ќе го разгледа и Барањето за давање автентично толкување на член 47 став 5 и 6 од Законот за јавни набавки, поднесено од градоначалникот на Општина Демир Капија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top