Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска остварија средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото.
На средбата се разговаррало за загрозените слободи и права на граѓаните во земјата, за отсуството на правната држава, за нефункционалноста на државните институции, пишува во соопштението на СДСМ.
-Последен аргумент за тоа се само мал дел од доказите што ги поседуваме и ги дадовме вчера на увид на јавноста, дека над 20.000 граѓани во Македонија биле прислушувани за само неколку години, со наредба на премиерот Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Нема поголема потврда за тоа дека една власт е недемократска од тоа што го прави власта на Груевски, влегувајки во приватиот и професионалниот живот на граѓаните и кршејки ги елементарните човекови права – изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Од тие причини, СДСМ започна со проектот Вистината за Македонија, којшто има единствена цел, враќање на слободата и демократијата во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.