| четврток, 6 декември 2018 |

Лондонската бизнис заедница се интересира за македонската финансиска зона

stavreski

Зоран Ставревски, вицепремиерот и министер за финансии кој е во работна посета на Лондон се сретнал со претставници на бизнис заедницата во Англија.

Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија.

– На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија. Особен интерес лондонската бизнис заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната – информира Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top