Собранието на Република Македонија попладнево, во рамки на 36. седница, одлучи по скратена постапка да ги донесе законите за трансформација во редовен работен однос, за изменување на Законот за високото образование и за придонеси од задолжително социјално осигурување.
По скратена постапка треба да бидат донесени и закоите за Академијата за судии и јавни обвинители, за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, за Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност на судија, за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, за изменување на Законот за работните односи, за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и за изменување на Законот за здравственото осигурување.
Како што рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, утре најпрво ќе заседаваат матичните и законодавно-правната комисија, по што ќе продолжи и 36. седница на која треба да бидат изгласани законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Почнува собраниската расправа околу ребалансот на Буџетот