Основното јавно обвинителство – Скопје „по допрен глас“ оформи предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите.
Како што соопштија денеска од Основното јавно обвинителство – Скопје назначен е надлежен јавен обвинител што ќе го разгледа предметот и ќе почне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта.
Денеска и министерот за здравство Никола Тодоров рече дека е потребно да се испита целата постапка за лекување во странство за Тамара Д., која почина вчера чекајќи да и биде одобрено лекување во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.