Советот за радиодифузија во петокот побарал од „Тотал ТВ“ да ги отстрани сите канали на „Пинк“.
– Советот за радиодифузија во допис до нас нѐ информираше дека „се додека Пинк не се извини кон Република Македонија за користење на терминот БЈРМ, не ги исплати заостанатите плати кон вработените во „Пинк 15“ во Македонија и не го намири долгот кон СРД“ нема да може како регулатор да изврши регистрација на телевизискиот програмски пакет од Пинк Медиа Груп – објаснуваат од „Тотал ТВ“.
Оттаму изразуваат искрена надеж дека наскоро ќе се реши спорот меѓу СРД и Пинк за да можат повторно во нивниот програмски пакет да ги вклучат програмите на Пинк, за кои ги имаат регулирано авторските права за Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.