| четврток, 6 декември 2018 |

Масната храна не предизвикува срцеви болести

puter_126640710

Лекарите на многу луѓе им советуваа дека треба да избегнуваат путер и полномасно мелко, ако сакаат да бидат здрави, но тие препораки треба да се сменат.

Експертите велат дека советот од 1983 година чија цел била да ги намали смртните случаи предизвикани од срцеви болести, е заснован на погрешни претпоставки.

Насоките за предностите на немасните млечни преработки и маргарин во однос на полномасно млеко и путер, во еден дел се одговори за епидемијата на дебелина, сметаат сега научниците.

Ново истражување покажало дека препораките всушност погрешно биле толкувани.

Шест релевантни испитувања направени во последните пет години опфатиле 2.467 мажи од кои повеќето имале срцев удар или некоја срцева болест. Научниците ги следеле поврзаноста меѓу маснотиите во исхрана, нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести.

Се покажало дека нема разлика во бројот на смртни случаи кај оние кај кои биле на немасна храна и оние кои се хранеле со полномасни производи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top