| четврток, 6 декември 2018 |

Oбама: Нема причина од пролонгирање на преговорите за иранската нуклеарна програма

 Американскиот претседател Барак Обама го предупреди Иран дека нема да има пролонгирање на преговорите за неговата спорна нуклеарна програма по крајниот рок 31 март и оти Техеран треба да донесе политичка одлука.

– Во оваа фаза не гледам смисол од ново продолжување, ако тие не ги прифатат основните параметри и фундаменталната формула, за да може да се склучи сеопфатен договор за нуклеарната програма, истакна Обама на заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top