| четврток, 6 декември 2018 |

Mасовно напуштање на Косово

 Продолжува масовната појава на напуштање на Косово во правец на некоја од земјите членки на ЕУ. Само во Унгарија во изминатите 72 часа, се откриени над 4.400 косовски емигранти.

Но, Косовците сега почнаа да изнаоѓаат патишта да заминат и преку океанот за еден подобар живот.

Според онлајн изданието на приштинскиот весник „Зери“ мексиканските власти привеле група од 40 косовски Албанци при обид илегално да ја минат границата во правец на САД.

Во телефонски разговор, Дурим Зеќири, еден од илегалците тврди дека по нив било пукано. Илегалците се поделиле во групи и ја изгубиле врската меѓу нив. Тој побарал од косовската држава да се ангажира и да им помогне.

Групата,која каја сочинувале 40 лица се млади од 26 до 33 годишна возраст,чија цел била влез во САД.

Според истиот извор освен низ Европа, се почести се обидите на млади Косовци илеглано да влезат и во Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top