| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордни бројки за наркозависници во Русија:осум милиони

Narkozavisnici

Рекордни бројки за наркозависни ја потресоа руската, но и светската јавност.

Според Виктор Иванов, шеф на Федералната служба за контрола на наркотици, во земјата има 2,5 милиони стравстевни уживатели на опојни дроги, од кои 600.000 се хоспитализирани.

Околу осум милиони луѓе во Русија користат наркотици, а помеѓу седум  и 20 отсто од децата во Русија барем еднаш пробале дрога.

-Во својот извештај оваа служба наведува дека биле уапсени 400.000 луѓе, а дека против 200.000 луѓе годишно се поднесуваат кривични пријави поради злосторства поврзани за дрога, изјавил Иванов.

Говорејќи за начините за борба против зависноста од дрога, Иванов кажал дека не се доволни само казнените мерки, односно дека дури и доколку зависниците се стават во затвор, тие не би можело да бидат излечени.

Тој го искажал својот став дека борбата треба да се води истовремено на три фронта: против инфраструктурата на нарко-бизнисот, против економската основа на нарко-бизнисот и спречувањето на зависноста од дрога.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top