Македонскиот сојуз во Шведска започнa со хуманитарна акција за помош на граѓаните во поплавените подрачја во источните делови на Македонија, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Управниот одбор на едно од најголемите друштва во рамките на Сојузот, друштвото „Гоце Делчев“ во Гетеборг, донесе одлука да донира 10.000 шведски круни (околу 1.100 евра) за санирање на последиците од поплавите во Македонија. Се очекува во хуманитарната акција да се вклучат и другите македонски друштва и клубови, како двете македонски црковни православни општини во Шведска. Со цел да се интензивираат и поуспешно координраат активностите на собирање хуманитарни средства, се остваруваат низа контакти во разни градови.
Повеќе македонски друштва во Шведска преку социјалните мрежи ги повикаа своите членови и индивидуално да ја подржат оваа акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица


