| четврток, 6 декември 2018 |

ФЗОМ: Се чекаше термин од болницата за операција на Тамара

tamara1-500
Деновиве требало да се добие информацијата од болницата „Аџибадем“ во Турција за тоа на кој датум ќе биде оперирана деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имала искривување на ’рбетот. Но, за жал, Тамара не успеала да го дочека денот кога ќе биде оперирана и почина предвреме, информираше денеска Бранко Аџигогов од ФЗОМ.

Од Фондот за здравствено осигурување изразија желење за немилиот настан и упатија сочувство до семејството на Тамара.

– Овој случај беше позитивно решен уште од декември 2014 година. Воедно, во комуникација и консултација со родителите, како и по извршените прегледи од професор Уфук, кој е носител на проектот за развивање на Спиналниот центар во државно здравство, беше констатирано дека случајот е комлициран и дека е потробно дополнителен ангажман на уште двајца спинални хирурзи. Воедно беше одлучено да се изврши операцијата во Аџибадем во согласност и по консултации со родителите тоа беше одлучено да се изврши по 8 февруари да се добие датум и осигуреничката да отиде на лекување во странство – истакна Аџигогов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top