
Сем Смит
Сем Смит освои четири награди „Греми“ на синоќешното доделување во Лос Анџелес и тој е најголемиот победник на 57. доделување на наградите.Смит добри награда за песна на годината и за сингл на годината за нумерата „ Stay with me“, потоа за најдобар поп-албум и за најдобар нов изведувач.
На манифестацијата настапија Мадона, Кети Пери, Ријана, Кање Вест и Пол Макартни.

Бијонсе
Бјонсе и Фарел Вилијамс освоија по три награди „Греми“. Бјонсе ги освои статуетките за најдобра аренби-изведба и аренби-песна за нумерата „ Drunk in Love “, како и за најдобар сараунд албум. Фарел освои награда за најдобар современ урбан албум, а за огромниот хит „Happy“ ги освои наградите во категориите за најдобар спот и за најдобра соло-изведба.
Ќерката на легендарниот Џони Кеш, Розен Кеш, исто така, освои три награди „Греми“ за најдобра изведба на американска традиционална музика, најдобар американа албум и за најдобра песна од категоријата американска музика.
Бек ја доби наградата за албум на годината за „Morning Phase“, што е прогласен и за најдобар рок-албум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


