| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени средствата собрани на хуманитарниот концерт за Иван од Штип

Од картонска кутија, поставена на шанкот во салата на Дом на млади во Штип, украдени се 30 илјади денари, односно поголем дел од средствата собрани на одржаниот хуманитарен концерт, за помош на младиот штипјанец Иван Стојанов, кој наскоро треба да замине на лекување во Кина, пишува „Канал 5“.

Според менаџментот, а по кажување на оние кои во нокта помеѓу саботата и неделата работеле на шанкот, сѐ се случило незабележано.
Кражбата е откриена по завршувањето на забавата кога се броеле парите.

Иван Стојанов од Штип има речиси комплетен прекин на нервните патишта на ‘рбетниот мозок како последица од операција на циста на вратот, со дијагноза Quadriparesis.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top